Препиши ми ги солзите на твојот грев,
препиши ми баш сe од твојот горчлив свет,
препиши ми и вистини што не ги знам,
за да јас имам чувство дека постојам.
И немај ниту малку милост ти за мене,
јас веќе одамна заборавив сe за себе,
заборавив на сите божји молитви,
заборавив на сонце и небо без облаци.
За кого постојам и кому јас му требам,
за да верувам, од ова небо не се бега.
За кого постојам, би сакала да знам,
за кого сето мое минато, и не е само лага.
Не помислив на себе ниту еден ден,
не чувствував ни радост за роденден,
но сепак имав сила да се разбудам,
да бидам дел од овој свет и да откријам.
За кого постојам и кому јас му требам,
за да верувам, од ова небо не се бега.
За кого постојам, би сакала да знам,
за кого сето мое минато, и не е само лага.