уморно е ова небо ноќва што ме гледа
сите ѕвезди гаснат
само една не
во неа се сите вистини и наши тајни
една вистина е од мене
а друга вистина пак од тебе
сега уморно ти велам оди и не враќај се
но не заборави дека
само за тебе јас пеев,
само за тебе се смеев
и кога голтав топли солзи
од оваа душа што горко боли
ги гледав јасно сите бои,
но со нив правев слики мои
лажејки се себеси јас постоев
тешко ми е да те гледам во некои лица туѓи
тешко ми е да те слушам а гласот не е твој
но најтешко од се е времето што слики носи
во кои денеска не верувам
но сепак блиску јас ги чувствувам
и ќе ме пратат како вечни сенки за цел живот мој
потсетувајки ме дека
само за тебе јас пеев....