Ако денот ми е ноќ,
Од сите ноќи ќе се разделам
Ако денот ми е ноќ
Од секој сон јас ке се разбудам
ќе барам светлина за да верувам
За се она што се буди
Во мојот ден никогаш, да не заспива
Ако денот ми е ноќ
Ќе сковам ѕвездена потковица
Зошто денот ми е ноќ
А барам само топла перница
Кога денот ми е ноќ
Со сите зборови јас ќе сум скарана
Зошто зборот штом се роди
Тој по една мисла ке убива.
Ако денот ми е ноќ
Со топол глас јас ќе те милувам
Ќе бидам како мала птица
И во твои прегратки ќе ти долетам
Ако денот ми е ноќ ќе барам
Среќна јас ќе бидам
За секој ден што во ноќ се претвора
Ако денот ми е ноќ
Нема да биде зошто тагувам
Во секој ден што ќе е ноќ
ќе имам кому да се радувам
Зошто денот ми е ноќ
А светлост во темнина
Јас пак ке пронајдам
За сите ноки јас ќе пеам
Што во денови ќе се разлеат