Како длабока вода,
како солзите ладни,
во наши очи се кријат
мистерии и тајни.
Воздух тело ни дише
гледаме хоризонт,
како сонцето заоѓа
кристални ѕвезди паѓаат
Бараме рај на некој друг свет,
а толку сме блиску што не гледаме.
Плови космосот цел, и пулсира во нас,
секој момент ни остава траг.
Ноќта трепери тивко
свети месечев зрак,
оган гори во срцето
ко мозаик без крај.
Утро е пак,
а до мене си ти,
гласно зборува тишина,
гласно зборува во нас.
Бараме рај на некој друг свет,
а толку сме блиску што не гледаме.
Плови космосот цел и пулсира во нас,
секој момент ни остава траг.
Бараме рај на некој друг свет,
а толку сме блиску што не гледаме.
Плови космосот цел и пулсира во нас,
секој момент ни остава нов траг.
Ни остава, ни остава,
ни остава траг.
Бараме рај ...
Некој друг свет, некој друг свет ...