И ден денес ко сонлива песна
ќе долета мирис на цреша
кога пролет ќе расцути в поле
една цреша што мене ме чека.
Кога морав да одам им реков
сѐ што имам и куќа и нива
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива.
Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно без да се срами.
Само ветерот гласот го слуша
и ко ехо се врати пак в душа
убава песна не сака баш секој
и на славеј камен фрла некој.
Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно без да се срами.
Не е небо ова што Ви нудат
не е сонце злато што свети
ако можат би го продале Бога
на нив само еден ќе им суди.
Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно без да се срами.