Голема е земја Русија,
А таму живее и Анушка.
В Охрид се сретнавме и јасно беше се,
Ке биде лето за паметење.
А тие 5 дена, минаа ко минута
Зар може да е таква љубовта?
Рече дека е од Волгоград
И дека близу река живее,
Но ниту улица, ниту број на стан
И' знам но кога тогаш ќе ја пронајдам.
Татко ми зборува, дете заборавија
Па игла в сено не се наоѓа.
Анушка, Анушка моја девушка
Викаат голема била Русија.
Анушка, па нека е нек е голема
Но не е толку колку љубовта!
Сега кројам 300 планови.
До мене книги, мапи, атласи.
Па не е Русија, не е толку далечна.
На две педи од Македонија.
Па да сум волшебник,
И барем да сум супермен
Би можел да ја гледам секој ден.
Анушка, Анушка моја девушка
Викаат голема била Русија.
Анушка, па нека е нек е голема
Но не е толку колку љубовта!