Те помнам
ко нежно стопало
на асфалт што гребе
и прави лузни
ниту курва
ниту светица
жена без мејк-ап
Се помнам себе
свиреп и глуп
крај тебе гладна
за прегратка
за човек
крај кого спиеш
со кого се будиш
кој го љубиш
кому припаѓаш
Прости
прости ми
не сакав да сфатам
колку сум осамен
меѓу сите тие
безвредни луѓе
никому потребни
Прости ми
што не сфатив колку
беше сама
крај мене
без човек
кому ќе дадеш
сe што девојка
може да даде
некому
Дали си среќна
или сама
со својот бол
Дали сум крвник
или жртва
на својот нож
Секоја ноќ
мојата бремена совест
раѓа вампир
и го гризе
ова срце
свирепо срце
Секоја ноќ
ми доаѓаш
во сон
ко ангел
сe уште сама
и без човек
кому ќе дадеш
сe што девојка
може да даде
некому
Дали си среќна...