Од сите мои слики што ги чувам
Што ги редам и подредувам
Само една не ми дава мира
Од глава не излегува.
Еден човек и една жена само
Месец млад и блага светлина
Еден за друг знаат што им треба
И место нив ветрот зборува
Песно моја збеснуваш во мене
Остави да ме најде тој по тебе
Ѕвездо моја блеснуваш за мене
Сеуште дише,дише тој во тебе.
Сите мои слики што ги чувам
Сите мои сеќавања
Тажни океани,пловам по нив
Да ме потонат у не,не можат
Песно моја збеснуваш во мене
Остави да ме најде тој по тебе
Ѕвездо моја блеснуваш за мене
Сеуште дише,дише тој во тебе.
Песно моја,ѕвездо моја
Желбо моја,само моја
Ти си сила каква нема
Ти си сила што ме тера
Божји глас да чујам
Во себе што ме крева
Вечна љубов јас да барам
Вечна љубов со него да најдам.